|
ОАЗА ужива култен статус на клуб кој го изгради имиџот на многу генерации. Со потполно изменет ентериер продолжува да ги спроведува во дело и новите концепциски промени.
Дизајниран според најновите тенденции,ентериерот претставува игра на контраст помеѓу чистите бои на минимализмот и богатиот декор кој по углед на New York City “trendy&cool” “dance-bars&clubs” претставува идеален background за звуците на “hip-hop” & ”dance-house” музиката.
Новата технологија, светло, музика,бои и материјализација станаа рафиниран потсетник на врската помеѓу добриот вкус на минатото и одговорот на новите трендови,формирајќи така еден комплетен амбиент во кој добрата забава и енергијата на младоста,како негов препознатлив имиџ,подеднакво ја чувствуваат и младите и средната генерација на која клубот и е познат од “среќните времиња“.
Клубот работи од 7 декември 1990 година
Во негов склоп работи отворена и затворена летна тераса.
Клубот поседува обезбеден паркинг простор. |